Ставање и вадење на батеријата (види слика A)
- Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во всисувачот.
- Секогаш одржувајте ги чисти и суви преградата и отворот за батерија, за да може добро и безбедно да работите.
- Притиснете на копчето за отклучување (19) за отворање на капакот на преградата за батерија (18).
- Вметнете ја батеријата (31) во отворот за батерија (30), додека не слушнете да се вклопи.
- За вадење на батеријата (31) притиснете го копчето за отклучување на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии (30).
- Затворете го капакот на преградата за батерија (18).
Напомена: поради системот за чистење на филтерот, потребна е поголема сила за затворање на капакот на преградата за батерија.