Кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс служи за (6):
- приказ за статус на всисувачот
- за поврзување со модул на предавател GCT … (39)
- за поврзување со мобилен уред
Статусна лента | Приказ на функцијата за автоматско стартувањеA) | Приказ за аларм за проток на воздух | Значење |
---|---|---|---|
Зелена | − | − | Всисувачот е вклучен и подготвен за работа. |
Зелена | Зелена | − | Всисувачот е подготвен за работа и е поврзан со модул на предавател. |
Жолта | − | − | Батеријата е речиси празна |
Жолта | Жолта | − | Не е пронајден модул на предавател |
Жолта | − | Трепка во жолто | Аларм за проток на воздух |
Црвена | − | − | Празна акумулаторска батерија, заштитата од рестартирање е активирана или аларм за температура за всисувач или батерија |
Бавно трепка сино | Бавно трепка сино | − | Поврзувањето со модулот на предавателот автоматски се обновува откако ќе се вклучи функцијата за автоматско стартување. |
Брзо трепка сино | 1× трепка сино | − | Се бара поврзување со модулот на предавателот и повторно се воспоставува. |
Свети сино (2 секунди) | Свети сино (2 секунди) | − | Успешно поврзување со модулот на предавателот |
Бавно трепка сино | − | − | Поврзувањето со мобилниот уред автоматски се обновува или се врши пренос на податоци од мобилниот уред. |
Брзо трепка сино | − | − | Се бара поврзување со мобилниот уред и повторно се воспоставува. |
Свети сино (3 секунди) | − | − | Успешно поврзување со мобилниот уред |
4× трепка сино (интервал од 1,5 секунди) | − | − | Започнато е ресетирање. |
- A)
Приказот на функцијата за автоматско стартување (4) се пали само кога прекинувачот за вклучување/исклучување (14) е на позиција .
За да ја користите функцијата за автоматско стартување, всисувачот мора да биде поврзан со модул на предавател преку Bluetooth® GCT … (39).
Всисувачот и модулот на предавателот мора да бидат во непосредна близина еден до друг.
Кога прекинувачот за вклучување/исклучување (14) на всисувачот е на позиција , всисувачот автоматски почнува да го бара модулот на предавател GCT …. Статусната лента (2) и приказот на функцијата за автоматско стартување (4) бавно трепкаат сино.
Повторно поврзување со познат модул на предавател:
ако всисувачот е веќе поврзан со модул на предавател GCT … и ако овој модул на предавател е подготвен за работа и се наоѓа во близина, тогаш врската со модулов автоматски повторно се воспоставува.
Повторно воспоставување врска (првично поврзување или поврзување со друг модул на предавател):
- Притиснете и задржете го копчето за спарување (5) на всисувачот, додека статусната лента (2) не почне да трепка брзо сино.
- Веднаш притиснете го копчето старт/стоп (41) на модулот на предавателот (39), додека приказот за статус (40) на модулот на предавател не трепне 2 пати сино.
Успешно поврзување:
- Статусната лента (2) и приказот на функцијата за автоматско стартување (4) на всисувачот светнуваат зелено.
- Приказот за статус (40) на модулот на предавателот трепнува 1 зелено.
Не е можно поврзување (по неколку минути):
- Статусната лента (2) и приказот на функцијата за автоматско стартување (4) на всисувачот светнуваат жолто.
- Приказот за статус (40) на модулот на предавателот светнува црвено.
Кога всисувачот е исклучен, врската со модулот на предавателот GCT … се зачувува. Откако ќе се вклучи повторно, всисувачот ќе се обиде повторно да ја воспостави врската со истиот модул на предавателот автоматски.
Во рамките на функциите за поврзување, податоците може да се префрлаат преку Bluetooth® помеѓу всисувачот и одредени мобилни крајни уреди.
Системски барања | |
---|---|
Мобилен уред (таблет, паметен телефон) | Android 6.0 (и понов) |
iOS 11 (и понов) |
За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред.
Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот App-Store.
Име на апликација | iOS/Android |
---|---|
Bosch Toolbox |
Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity. Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на всисувачот со крајниот уред.
Всисувачот и крајниот уред може да се поврзат преку апликацијата. Ако статусната лента (2) на всисувачот трепка сино со голема брзина, потврдете го поврзувањето со притискање на копчето за спарување (5). Откако успешно ќе се поврзе, статусната лента (2) свети сино 3 s.
Откако ќе се воспостави врска со мобилниот уред и кога ќе се направи авторизација, на располагање се следните функции:
- Регистрирање и персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
- Поставување на времето на вклучување за функцијата за автоматско стартување
- Ажурирање на софтверот за поврзување во всисувачот
Доколку е потребно, може да ги ресетирате зачуваните поставки (време на вклучување, врски со модулот на предавателот и мобилниот краен уред) и пораките за грешка. За да го направите ова, притиснете и задржете го копчето за спарување (5), додека статусната лента (2) не трепне 4 пати сино на интервал од 1,5 секунди.
Ресетирањето може да се стартува и преку апликацијата Bosch Toolbox.