Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.

Ознаки и нивно значење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на прав M според IEC/EN 60335‑2‑69 за всисување на суви материи за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Функција за автоматско стартување
Всисување на акумулираната прашина од работните електрични алати поврзани преку модул на предавател GCT …;
Всисувачот автоматски се вклучува и повторно се исклучува со временско одложување.

Исклучување

Всисување
Всисување на наталожена прав