Одржување и чистење
- Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
- Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
- При сервис и чистење на всисувачот користете маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
- Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.
- Кога го отворате капакот на филтерот, фатете го за јазичето за заклучување и проверете дали отворениот капак на филтерот се вклопува во вертикална позиција. Постои ризик од повреда ако капакот на филтерот падне.
Моќноста на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа, редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (31).
- Повлечете го јазичето за заклучување (24) и завртете го поклопецот на филтерот (40) нагоре, додека не се вклопи во вертикалната положба.
- Фатете го набраниот филтер (31) за држачите и извадете го нагоре.
- Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при вадење на рамниот набран филтер (31), со влажна крпа од рабовите на садот (1).
- Рамниот набран филтер може да се исплакне под млаз вода.
- Поставете го новиот исчистен набран филтер (31) и внимавајте добро да легне.
- Затворете го поклопецот за филтер (40), додека не слушнете да се вклопи.
- Претфилтерот не смее да се чисти влажен.
- Не допирајте помеѓу држачот-водилка и всисувачот одозгора за да го отклучите поклопецот на претфилтерот. Во спротивно, може да си ја штипнете раката.
Повлечете го држачот-водилка (39) нагоре, додека поклопецот на претфилтерот нема пристап од задната страна.
Притиснете на копчето за отклучување (26) поклопецот на претфилтерот (25) и извадете го од преградата за претфилтер.
Извадете го претфилтерот (41).
Исчеткајте ги перките на претфилтерот со мека четка.
Поставете го претфилтерот во поклопецот за претфилтер (25).
Вметнете го поклопецот за претфилтер (25) во преградата за претфилтер и преклопете го.
Извлечете го мрежниот приклучок на всисувачот од приклучницата.
Извадете го горниот дел на всисувачот (12).
Испразнете го садот (1).
Придвижете ја пловката (43) одн. малку удрете ја за да ја отстраните нечистотијата.
Исчистете ја пловката (43) со мека крпа.
Доколку е потребно, може да ја отстраните пловката. За таа цел, притиснете го заклучувањето (44) и извадете ја пловката (43).
Исчистете го магнетот (45) со четка.
Повторно ставете ја пловката (43).
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (19).
- Вметнете ја опремата во дадените држачи.
- Намотајте го монтираното всисно црево (27) во преградата за всисното црево. Повлечете ги двете врвки нагоре (13) и закачете ги отворите за прицврстување.
- Прикачете го L-BOXX на држачите (11).
- Отстранете ја пластичната ќеса/платнената филтер вреќичка штом ќе се наполни.
- Носете го всисувачот само за рачката за носење (10).
- Ставете го всисувачот во сува просторија со рамна површина и обезбедете го од неовластена употреба.
- За да ги фиксирате тркалцата (17) притиснете ја кочницата на тркалцата (18).
- За полесен и удобен транспорт на всисувачот, испразнете го целосно садот или фрлете ја целосно пластичната ќеса/платнената филтер вреќичка.
- Отклучете ја сопирачката за тркалцето за промена на правецот (18) за туркање или за влечење на всисувачот.
- Користете ја само извлечениот држач-водилка (39) за туркање или за влечење на всисувачот. Всисувачот не смее да се влече преку скалила со држачот-водилка. За таа цел треба да се користи рачката за носење.
- Кога го носите всисувачот по скали, погрижете се да нема други луѓе директно зад вас во случај на неочекувано паѓање на всисувачот.