Вметнување/отстранување платнена филтер вреќичка (суво всисување) (види слики G−H)
За суво всисување на материи според класата на прав L може да користите платнена филтер вреќичка (37) (опрема).
Доколку се всисаат материјали без или со гранична вредност на изложеност ≥ 1 mg/m3 (во согласност со класата на прав L), може да се всисаат директно во контејнерот.
Напомена: Исклучете ја функцијата за автоматско чистење на филтерот кога ја користите платнената филтер вреќичка види Автоматско/рачно чистење на филтерот (види слика M).
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).
За вметнување приклучете ја платнената филтер вреќичка (37) на држачот за платнената филтер вреќичка (36) и ставете ја платнената филтер вреќичка (37) со држачот за платнената филтер вреќичка (36) во садот (1).
За отстранување, затворете го отворот на целосната платнена филтер вреќичка со повлекување на затворачот. Извлечете ја затворената платнена филтер вреќичка (37) од држачот за платнената филтер вреќичка (36) и извадете ја од всисувачот.
Вметнете го повторно горниот дел од всисувачот (12) и со затворање на капаците (15) поврзете го садот (1) со горниот дел од всисувачот (12).