Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.
LED-светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3 × зелено | 60–100 % |
Трајно светло 2 × зелено | 30–60 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–30 % |
Трепкаво светло 1 × зелено | 0–5 % |
Приказ за контрола на температурата/заштита од преоптоварување
Црвениот LED-приказ Ви помага да ја заштитите батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети непрекинато црвено, температурата на батеријата е превисока и електричниот алат автоматски се исклучува.
- Исклучете го електричниот алат.
- Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите со работата.
Доколку LED-приказот трепка црвено, електричниот алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот алат продолжува да работи.