Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.
- Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
Олабавете ја пеперутка-завртката (17). За помала длабочина на сечење подигнете го електричниот алат од основната плоча (7), а за поголема притиснете го кон основната плоча (7). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (18). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (17).
При подесувањето на длабочината на резот користете ја референтната ознака (31) странично на скалата за подесување на длабочината на резот (18).
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (13).
Олабавете ги пеперутка-завртките (10). Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (9). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките (10).
При подесување на аголот на косо сечење користете ја референтната ознака (27) (горен раб на држачот).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (18).