Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- За да постигнете висок степен на всисување на прав, користете соодветен всисувач заедно со овој електричен алат.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптер за всисување (види слика B)
Прицврстете го адаптерот за всисување (29) со завртката за прицврстување (28) на основната плоча (7).
На адаптерот за всисување (29) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 19 mm.
- Адаптерот за всисување не смее да се монтира без приклучено надворешно всисување. Инаку каналот за всисување може да се запуши.
- На адаптерот за всисување не смее да се приклучува ќеса за прав. Инаку системот за всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (29) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (30) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.