Полнење на батеријата (види слика A)
- За полнење користете го препорачаниот USB-мрежен дел или мрежен дел со 5 V и најмалку 1,0 A. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
Препорачан мрежен дел: види поглавје Технички податоци.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За полнење на акумулаторските батерии, поврзете го USB-приклучокот за полнење преку USB-кабелот со мрежниот напојувач. Вметнете го приклучокот за мрежа во приклучницата.
- По автоматското исклучување на електричниот алат не го притискајте повторно копчето на вретеното. Батеријата може да се оштети.
- По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Приказот за наполнетост на батеријата (8) истовремено е и работното светло. Приказот го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка. Доколку приказот за наполнетост на батеријата (8) свети непрекинато, батеријата е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење се затоплува рачката на електричниот алат. Ова е нормално. Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја. Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење. Внимавајте на напомените за отстранување.