Ставање во употреба
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување. Инаку може да предизвика штети.
Тек на десно: За навртување на завртки притиснете го прекинувачот за промена на правецот на вртење (5) нанапред.
Лев тек: За олабавување одн. за одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) наназад.
Постојат 2 начина на кои можете да го вклучите електричниот алат.
- Направете притисок врз вретеното и одржувајте го притисокот. За исклучување не правете притисок на вретеното.
- Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4). За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 7 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, движењето на алатот за вметнување запира.
Степен 1:
Помал вртежен момент за завртување на завртки со мал дијаметар или во меки материјали.
Степен 7:
Поголем вртежен момент за завртување на завртки со голем дијаметар или во цврсти материјали.