Безбедносни напомени

Да се прочитаат и почитуваат сите упатства, за со GCA 30-42 и GCT 30-42 безопасно и безбедно да работите. Добро чувајте ги овие упатства и дадете ги при предавањето на GCA 30-42 и на GCT 30-42.

Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.

Никогаш не прикачувајте го модулот на предавателот на места (на пр., површини на рачки, прекинувачи) кои се неопходни за функционалноста на батерискиот алат.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.