Пренос на податоци
Отворете го поклопецот на Micro-USB-отворот (3). Поврзете го Micro-USB-отворот (4) на мерниот уред со помош на испорачаниот Micro-USB-кабел (24) со Вашиот компјутер.
Вклучете го сега мерниот уред со копчето за вклучување/исклучување (9).
Отворете го прелистувачот на датотеки на Вашиот компјутер и изберете го дискот GTC_400C. Зачуваните датотеки може да се ископираат од внатрешната меморија на мерниот уред, да се поместат или избришат на Вашиот компјутер.
Штом ќе го завршите саканиот процес, стандардно разделете го дискот од компјутерот и потоа повторно исклучете го мерниот уред со копчето за вклучување/исклучување (9).
Внимание: секогаш прво исклучувајте го дискот од вашиот оперативен систем (извадете го дискот), во спротивно внатрешната меморија на мерниот уред може да биде оштетена.
Извадете го Micro-USB-кабелот за време на мерењето и затворете го поклопецот (3).
Капакот на USB-интерфејсот секогаш треба да биде затворен за да не може да навлезе во прав или вода во куќиштето.
Напомена: поврзете го мерниот уред преку USB исклучиво со компјутер. Мерниот уред може да се оштети доколку го приклучите на други уреди.
Зачуваните термални слики може дополнително да се обработат на Вашиот компјутер со Windows оперативен систем. За тоа преземете го GTC Transfer Software од страницата за производи за мерниот уред на www.bosch-professional.com/thermal.
Мерниот уред е опремен со Wi‑Fi®-интерфејс кој овозможува безжично пренесување на зачуваните слики од мерниот уред на мобилен краен уред.
Специјални Bosch-апликации (Apps) стојат на располагање за користење. Тие може да се преземат во соодветните продавници во зависност од терминалот:
Bosch-апликациите Ви овозможуваат (покрај безжичното пренесување на вашите слики), проширен опсег на функции и ја поедноставуваат обработката и проследувањето на мерните податоци (на пр., по е-маил). Информации за потребните системски предуслови за Wi‑Fi®-врска ќе најдете на интернет страницата на Bosch www.bosch-professional.com/thermal.
За да се активира/деактивира Wi‑Fi®-врската на мерниот уред, повикајте го главното мени, навигирајте со копчињата за избор <WiFi> и активирајте/деактивирајте ја. Кај активирано Wi‑Fi® на екранот се појавува приказот (d). Проверете дали, Wi‑Fi®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен краен уред.
По стартот на Bosch-апликацијата може да се воспостави врска меѓу мобилниот краен уред и мерниот уред (при активирани Wi‑Fi®-модули). За тоа следете ги упатствата на апликацијата (App).