Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете еднаш кратко на копчето за вклучување-исклучување (3). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта две ласерски линии од 0°, 45° и 90° од излезните отвори (2). Освен тоа предупредувањето за батерија (4) свети 3 s.

По второто притискање на копчето за вклучување-исклучување (3) мерниот уред се префрла од 3‑линиски режим на 2‑линиски режим: Ќе се прикажат уште ласерските линии од 0° и од 90°.

За исклучување на мерниот уред притиснете трет пат на копчето за вклучување-исклучување (3).

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 min работа.

За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при вклучување на мерниот уред, држете го притиснато 3 s копчето за вклучување-исклучување (3). Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, по вклучувањето ласерските линии кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го со кратко притискање на копчето за вклучување-исклучување (3). По вклучувањето ласерските линии не трепкаат.