Примери за работа
Поставете го мерниот уред во еден агол од просторијата и позиционирајте го, така што ласерската линија од 0° ќе поминува паралелно во однос на референтната линија (на пр. ѕид). Измерете го растојанието помеѓу ласерската линија и референтната линија директно на мерниот уред на што е можно поголемо растојание од мерниот уред. Израмнете го мерниот уред, така што двете растојанија ќе бидат со еднаква големина.
На крај измерете ги растојанијата на најмалку две различни точки помеѓу ласерската линија од 90° и ѕидот. Доколку растојанијата на ласерската линија од 90° се исти, ѕидовите се под прав агол.