Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (8) притиснете на блокадата (7) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ако предупредувањето за батерија трепка (4), тогаш батериите се слаби. По првото трепкање, мерниот уред може да се користи уште околу 2 h. Доколку предупредувањето за батерии (4) постојано свети, не може повеќе да се мери. По краток период мерниот уред автоматски се исклучува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.