Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
- Активирајте го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) само кога електричниот алат е во мирување од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: за навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (6) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре.
Лев тек: за олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (6) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна надолу.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (8) притиснете го копчето за фиксирање (7).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (7), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и потоа отпуштете го.
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Со чаурата за подесување (3) со вртење во 8 степени може однапред да се избере длабочината на завртување X на главата на одвртувачот во делот што се обработува. Секој степен одговара на промената на длабочината за завртување за 0,25 mm.
Вртењето на чаурата за подесување (3) во правец на стрелките на часовникот резултира со поголема длабочина на завртување, а вртењето во правец спротивен на стрелките на часовникот со помала длабочина на завртување.
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно завртување.