Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
- Држете го уредот само за изолираните рачки и дополнителната рачка. Алатот за вметнување може да дојде во контакт со скриени струјни кабли или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред и потоа држете го.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) турнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) понапред.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и потоа отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред и потоа држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
(GWS 20-230 J / 22-180 J / 22-230 J)
Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја и заштитата од рестартирање не работат. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.