Ставање во употреба

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) налево до крај.

Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.

Дупчење

GSR 185-LI
Поставете го прстенот за подесување во претходно избраниот вртежен момент (3) на ознаката „Дупчење“.

GSB 185-LI
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Дупчење“.

Завртување

GSR 185-LI
Поставете го прстенот за подесување во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

GSB 185-LI
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Завртување“.
Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Ударно дупчење

GSB 185-LI
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Ударно дупчење“.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат.

LED светилката (8) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, движењето на алатот за вметнување запира.

  • Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Брзина 1:

Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.

Брзина 2:

Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволениот опсегот на работна температура се намалува бројот на вртежи. Дури по постигнувањето на дозволената работна температура, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот ќе се фиксира (1).

Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (6) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.