Ставање во употреба
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (7) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.
- Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини (3) не може да се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со дупчалката.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Светлото (9) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.