Проверка и подесување на основните поставки

  • Отстранете го електричниот алат од сетот за прифат.

За да обезбедите сигурна функција мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на работната маса и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Приспособување на држачот на сетот за прифат (види слика H)

Можеби ќе треба да го приспособите држачот за прицврстување на сетот за прифат (6) на работната маса со копчето за фиксирање (8) по интензивна употреба на работната маса.