Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување.

Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy модул со Bluetooth® безжичната технологија меѓу електричниот алат и мобилниот уред.