Главно мени

За да стигнете до <Глав.мени>, притиснете го средното копче (9).

Навигирање во менито

Опции на менито

  • <AutoUp>: вклучете ја или исклучете ја функцијата.
    Со функцијата AutoUp свртете ја сликата, така што „горе“ ќе се прикаже и горе на екранот (види слика F).
    Напомена: функцијава не е можна со сите кабли за камера. При монтирано огледало (29) и/или при вертикално израмнување на кабелот од камерата (1) функцијата е ограничена.
  • <Галерија>: овде можете да ги вратите фотографиите и видео записите што сте ги направиле.
    Со копчињата долу (10) одн. горе (7) изберете ги саканите датотеки според нивниот датум.
    Притиснете го копчето десно (11) или средното копче (9), за да повикате преглед на избраните фотографии или видео записи.
    Притиснете го средното копче (9), за да ја отворите избраната датотека.
    Напомена: при ставена Micro-SD-картичка (20) се прикажуваат само зачуваните датотеки на Micro-SD-картичката. За да вратите фотографии од внатрешната меморија, мора да ја отстраните Micro-SD-картичката (20).
  • <Режим на камера>: За записите изберете помеѓу <Слика> и <Видео>.
  • <Светлост на екранот>: поставете ја саканата осветленост на екранот.
  • <Боја>: вклучете или исклучете го приказот за боја за екранот (исклучено: приказ во црно-бело).
  • <Поставки за уредите>
    • <Датум & време>: поставете ги датумот и времето за зачувување на датотеки и изберете го форматот на датум и време.
      Напомена: ако датумот и времето повеќе не се зачувуваат, вградената копчеста батерија е празна. Во овој случај, контактирајте со овластена Bosch -сервисна служба.
    • <Јазик>: во приказот изберете го јазикот што се користи.
    • <Исклучување по …>: изберете го временскиот интервал по кој камерата за проверка автоматски се исклучува доколку не се притисне копче.
  • <Информации за уредите>: тука ќе ги најдете сите информации за уредот како на пример инсталираната верзија на софтвер и правните информации.
  • <Фабрички поставки>: може да ги ресетирате сите опции од менито на фабричка поставка. Истовремено, сите зачувани датотеки трајно се бришат.