Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.
Референтно ниво за мерење е секогаш задниот раб на мерниот уред.
- Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
- Доколку го имате вклучено мерниот уред со копчето притиснете кратко на копчето за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето за да го започнете мерењето.
По процесот на мерење ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка.
Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат.
Со функцијата Континуирано мерење, мерењето започнува веднаш при вклучување на функцијата.
- Мерниот уред за време на мерењето не смее да се поместува. Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста гранична или потпорна површина.
- Приемната леќа (11) и излезот на ласерскиот зрак (12) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина.
За подобра видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен терен и прејаки сончеви зраци, користете ласерски заштитни очила (14) (опрема) и ласерска целна плоча (13), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
- транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
- површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
- порозни површини (на пр. изолациски материјали),
- структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Евентуално користете ја ласерската целна плоча (13) (опрема) на овие површини.
Можни се погрешни мерења и на косо насочените целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии.