Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Напомена: Ако електричниот алат стартува веднаш по прекин на доводот на струја, заштитата од рестартирање не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.