Ставање во употреба

Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) изберете го начинот на работа на електричниот алат.

  • За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (10) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил.

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11)не се вклопува.

Позиција за Длетување

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (9) е притиснат, ова не е возможно.

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.

  • Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на вртење (7) од двете страни до крај во позиција .
  • Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на вртење (7) од двете страни до крај во позиција .

  • За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
  • За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (8).
  • За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (9), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Vario-Lock“.
  • Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
  • Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.