Промена на алат

Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.

Замена на алат SDS plus

Ставање на SDS plus алатот за вметнување (види слика D)

Со SDS plus главата за дупчење  може едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.

  • GBH 2-28 F: Вметнете ја SDS plus заменливата глава за дупчење (2).
  • Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
  • Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.

Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.

Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види слика E)

  • Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.

Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење

GBH 2-28 F

Ставање на алатот за вметнување (види слика F)

Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување.

  • Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
  • Држете го цврсто затезниот прстен (19) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (18) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (19) и вртете ја предната чаура (18) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
  • Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.

Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.

Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (18) во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат.

  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Дупчење“.

Вадење на алатот за вметнување (види слика G)

  • Држете го цврсто затезниот прстен (19) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (18) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот.