Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 45° (на левата страна) до 0° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0° и 45°.
Поставување на саканиот вертикален агол на закосување (види слика I)
- Олабавете ја затезната завртка (24).
- Рачката на алатот навалете ја на дршката (4), додека агломерот (30) не го прикаже саканиот агол на закосување.
- Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затезната завртка (24).