Ставање во употреба
- Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (16) и тркалото за стегање (45) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
Вклучување (види слика M)
- За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (5) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (6) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6).