Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.
- Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°. Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
- На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
- Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
- Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
- Прицврстете го делот за обработка.
- Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (6).
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и десната страна да бидат на исто растојание од означената линија на сечење на делот за обработка, дури и кога кракот на алатот се поместува надолу.
- Олабавете ја завртката за прицврстување (56) (околу 1–2 вртења).
Не ја одвртувајте целосно завртката. - Поместете го куќиштето на ласерот (57) налево или надесно, додека ласерските зраци, при движење надолу на рачката на алатот, повеќе не отстапуваат странично.
- Држете го куќиштето на ласерот (57) во оваа позиција и повторно затегнете ги завртките за прицврстување (56).
- Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (10).