Кориснички интерфејс (види слика L)

Корисничкиот интерфејс (8) за избирање на режим на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Прикази за состојба

Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (22)

Значење/Причина

Решение

Зелено (2 до 5 греди)

Батеријата е полна

Жолто (1 греда)

Батеријата е речиси празна

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено (1 греда)

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Приказ за статусот на електричниот алат (29)

Значење/причина

Решение

Зелено

Статус OK

Жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено

Моторот е блокиран, батеријата е преслаба

Полнење на батеријата или користење на препорачаниот тип на батерија

Општи грешки

  • Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат или извадете ја батеријата и повторно ставете ја

Постоечката грешка продолжува:

  • Испратете ја електричната алатка до сервисната служба

Трепка црвено

Брзото исклучување е активирано

Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат

Трепка сино

Електричниот алат е поврзан преку Bluetooth® со мобилен уред
или
поставките се пренесуваат

Ознака за паметен телефон (28)

Значење/причина

Решение

Бела

Достапни се важни информации (на пр предупредување за температурата)

Прочитајте го извештајот на паметниот телефон

Изберете режим на работење

Притиснете го копчето (26) за избирање на режимот за работење, додека не светне посакуваниот режим за работење.

Напомена: Во режимот на работење Favorite ќе се конфигурираат функциите на апликацијата на паметниот телефон, во режимите за работење Auto и Soft функциите се претходно поставени.

Приказ режим на работење (25)

Функции

Симбол за максимална јачина (27) свети

Во режимот на работа Auto електричниот алат ја достигнува максималната јачина со максимална брзина при стартување.

Симбол за конфигурација на вртежен момент преку апликација за паметен телефон (23) свети

Во режимот на работа Favorite јачината и брзината при стартување на електричниот алат може поединечно да се конфигурираат преку апликацијата за паметен телефон.

Симбол за намалена јачина (24) свети

Во режимот на работа Soft јачината и брзината при стартување на електричниот алат се намалени.