Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види слика E)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати.
- GBH 18V-28 CF: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2).
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
- Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика F)
- Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
GBH 18V-28 C
Ставање на алатот за вметнување (види слика G)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување.
- Вметнете запчеста глава за дупчење (31).
- Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (31), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.
- Клучот за затегнување на главата за дупчење (35) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (31) и рамномерно затегнете го алатот.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (17) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување (види слика H)
- Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење (31) со помош на клучот за затегање на главата за дупчење (35) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување.
GBH 18V-28 CF
Ставање на алатот за вметнување (види слика I)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување.
- Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
- Држете го цврсто затезниот прстен (37) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (36) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (37) и вртете ја предната чаура (36) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
- Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа може да се затвори алатот за прифат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (17) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување (види слика J)
- Држете го цврсто затезниот прстен (37) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (36) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот.