Дополнителна рачка
- Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (20).
- Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (20) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
- Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (20) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (20) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (20) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.