Складирање и транспорт
Чување (види слика L)
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (14).
- Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката за всисување (35) во држачите (22), млазницата за фуги (31) во држачот (21), подната млазница (34) во држачот (24).
- Отворете ги еластичните ленти на држачите на цревото за всисување (4) и поставете го цревото за всисување (27) на горниот дел на всисување во држачот (4).
Повторно закачете ги еластичните ленти. - Прикачете ја L-Boxx на држачите (11).
- Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
- За да ги фиксирате тркалцата (18) притиснете ја кочницата на тркалцата (17).
Транспорт (види слика M)
- При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2) на прифатот на цревото (3).
- Носете го всисувачот само за рачката за носење (10).
- Држачот-водилка (12) користете го за туркање или за влечење на всисувачот низ скалила.