Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.

Ознаки и нивно значење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на прав M според IEC/EN 60335‑2‑69 за всисување на суви материи за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат, може да прикачите L‑BOXX на горниот дел од всисувачот.

Не всисувајте со прикачен L‑BOXX. Тежиштето на всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои опасност од повреда и оштетување.

Прикачување на максимум една L‑BOXX.

Тежината на L‑BOXX заедно со содржината не смее да изнесува над 15 kg.

Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување.

Не го користете всисувачот како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.

Старт/Стоп-автоматика
Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат
Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува

Исклучување

Всисување
Всисување на наталожена прав

15

Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 15 mm

22

Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 22 mm

35

Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 35 mm

Min/Max

Бесстепена контрола на јачината на всисување:

  • максимален капацитет на всисување при работа каде се создава голема количина прав
  • намален капацитет на всисување при работа каде се создава помала количина прав и на  пр. за регулирање на јачината на всисување помеѓу приклучениот електричен алат и површините на делот што се обработува (на пр. при брусење)

Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата)

AFC

Автоматско чистење на филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning)