Ставање во употреба на далечинскиот управувач
Сè додека има доволно напон во батериите, далечинскиот управувач е подготвен за работа.
За да го активирате далечинското управување, притиснете на некое копче на далечинскиот управувач. Статусот на оските на ротирачкиот ласер се отвора и се прикажува на приказите за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач.
Сè додека светат приказите за статус, секој пат кога ќе притиснете копче на далечинскиот управувач, соодветната поставка на ротирачкиот ласер се менува. Светлата на приказот за пренос на сигнал (32) на далечинскиот управувач покажува дека е испратен сигнал.
За да заштедите енергија, далечинскиот управувач се деактивира по кратко време и приказите за статусот (33) и (34) повторно се гасат.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е можно со далечинскиот управувач.