Складирање и транспорт
Чување на елементите на уредот (види слики O1−O5)
Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.
- Олабавете го дополнителниот паралелен граничник (41) од паралелниот граничник (9).
- Сите олабавени делови на уредот ставете ги во депото за чување на куќиштето (види долунаведена табела).
Слика | Елемент на уредот | Депо за чување |
---|---|---|
O1 | Заштитниот поклопец | закачете го во делот на држачот (33) и затегнете со затезниот лост (37) |
O2 | Сетот за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (42) | закачете го во држачите (69) |
O2 | Адаптерот за всисување (32) | вовлечете го во стегите (70) |
O3 | Прстенестиот клуч (22) | прицврстете го со навртката за прицврстување (71) во депото на алатот |
O3 | Подвижната водечка летва (23) | закачете ја над навртката за прицврстување (71) и прицврстете ја со поместување |
O4 | Паралелниот граничник (9) | свртете го, закачете го од долу во шините-водилки и фиксирајте ја затегнувачката дршка (39) |
O5 | Клуч со внатрешна шестаголна глава (21) | вметнете го во држачите (72) |
O5 | Аголен граничник (3) | вовлечете го во стегите (73) |
O5 | Дополнителниот паралелен граничник (41) | вовлечете го во стегите (30) (кратката страна нагоре; долгата страна наназад) |
Носење на електричниот алат
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - Притиснете на проширувањето на масата за сечење (13) целосно навнатре и притиснете на затезната дршка (15) за фиксирање надолу.
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (29).
- За подигање или транспорт користете ги рачките за носење (12).
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.