Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика A)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -2° до 47°.
- Олабавете го лостот за блокада (16) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.
- Повлечете го или притиснете го рачното тркало (17) по должина на кулисата, додека агломерот (51) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (16).
За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((59), (62)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика B)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (53), доколку е затегнато.
- Свртете го аголниот граничник додека агломерот (54) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (53).