Обем на испорака

Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:

  • Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (26) и клин за расцепување (7)
  • Аголен граничник (3)
  • Профилна шина (28)
  • Сет за прицврстување „Профилна шина“ (44) (водечки лим, назабена навртка, завртка, подлошка)
  • Паралелен граничник (9)
  • Дополнителен паралелен граничник (41)
  • Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (42) (3 завртки за прицврстување, 3 подлошки, 3 пеперутка-навртки)
  • Заштитен поклопец (6)
  • Клуч со внатрешна шестаголна глава (21)
  • Клуч со внатрешна шестаголна глава (20)
  • Прстенестиот клуч (22)
  • Подвижна водечка летва (23)
  • Додаток за маса(25)
  • Адаптер за всисување (32)

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.