Обем на испорака
![](../Images/png/9007199599131531__Web.png)
За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
- Транспортна дршка (3), 2 завртки за монтажа
- Столарска стега (30)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (44)
- SDS-завртка (63)
- Граничник за должина (46), 1 завртка за монтажа
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните материјали:
- Крстест одвртувач
- Прстенест или вилушкаст клуч (големина: 10 mm)