Монтирање и полнење на системот за ладење (види слика B)
- Системот за ладење смее да се користи исклучиво при дупчење со крунеста бургија.
- Системот за ладење не смее да се користи при дупчење во вертикални или закосени површини или на плафон.
Волуменот на резервоарот за средство за ладење (35) може да се промени со повлекување и притискање на резервоарот од 500 ml до 750 ml.
- Ставете го резервоарот за средство за ладење (35) во држачот (36).
- Вметнете го држачот со резервоарот за средство за ладење од горе во шината (17).
- Поврзете ги приклучните млазници (38) на вентилот за средство за ладење со цревото за средство за ладење (37).
Резервоарот за средство за ладење (35) мора да биде наполнет со средство за ладење пред дупчењето.
- Затворете го вентилот за средство за ладење (39).
- Одвртете го капачето (40) на резервоарот за средство за ладење и наполнете средство за ладење во (35).
- Повторно навртете го капачето (40) на резервоарот за средство за ладење.
- Повлечете го нагоре затворачот со притискање-влечење (41) на резервоарот за средство за ладење.
- Отворете го вентилот за средство за ладење (39) целосно пред да го вклучите електричниот алат.