Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- За исклучување на електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на моторот (9) во позиција "0".
- Почекајте додека електричниот алат целосно не дојде во состојба на мирување.
- Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (20) надолу, за да го исклучите магнетот.
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.
- За повторно ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на моторот (9) во позиција "I".
Напомена: Ако е повторно воспоставена струјата, притиснете го копчето RESET на заштитниот уред за диференцијална струја (15). Магнетот автоматски се вклучува штом приказот (16) свети црвено на заштитниот уред за диференцијална струја (15).
Електричниот алат е опремен со заштита од преоптоварување. Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување електрониката на електричниот алат се исклучува. Магнетот и понатаму останува активен.
- За потоа повторно да го ставите електричниот алат во употреба, мора да го свртите прекинувачот за вклучување/исклучување на моторот (9) во позиција "I".
Спроведете ги следните чекори пред да продолжите да работите со електричниот алат:
- Ев. отстранете ги содржаните блокади. Ако алатот за вметнување се заглавува, не смее да се користи функцијата Лев тек.
- Оставете го електричниот алат да работи околу 1 минута во мирување, потоа повторно може да се користи.
Приказ за преоптоварување
Приказот за преоптоварување (6) покажува преоптоварување при вклучен електричен алат.
Приказ за преоптоварување (6) | Преоптоварување |
---|---|
Трајно зелено светло | нема преоптоварување |
Трајно жолто светло | големо работно оптоварување
|
Трепкаво црвено светло | многу големо работно оптоварување
|