Автоматика за нивелирање (види слики AB)

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (18).

Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен држач (3) така што излезниот отвор (1) да биде слободен.

По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±3,5°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии светат постојано и не се движат повеќе.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 3,5° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат постојано и брзо, и мерниот алат работи без автоматско нивелирање. Ласерските линии остануваат вклучени, а двете вкрстени линии не мора да се една кон друга во прав агол.

За повторно да работите со автоматско нивелирање, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте да се самонивелира. Штом мерниот уред ќе се најде и израмни во полето на самонивелирање од  ±3,5° ласерските линии повторно светат непрекинато.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.