Совети при работењето

Напомена: Водилката (2) е затегната со пружина. При притискање на копчето (3) за подесување на должината на бургијата, може водилката да се исфрли нанапред.

LED-работно светло
LED (4) светилката свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување на чеканот за дупчење е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на местото на работење при недоволна осветленост.

За наменетата употреба во комбинација со GBH 185-LI мора да се користи батерија од > 3,0 Ah. Батеријата со помал капацитет се прикажува со LED (4).