Подготовка за дупчење и процес на дупчење
- Вметнете ја батеријата во електричниот алат директно пред да започнете со процесот на дупчење. Постои опасност од повреда ако случајно се притисне копчето за вклучување/исклучување (9) на пр. при подготовка за дупчење.
- Не ракувајте со електричниот алат без вметнат алат за дупчење или без плоча меѓу матрицата и втиснувачот.
- За да спречите прегревање на електричниот алат, не користете го постојано подолго од 15 минути.
Подготовка за дупчење:
- Направете дупка во лимот што е за околу 0,5 mm поголема од дијаметарот на монтираната завртка за затегнување (10) (на пр. со степенеста дупчалка).
- Вметнете ја завртката за затегнување во дупката. Вртете ја главата за дупчење (1), така што матрицата (12) да биде рамно поставена на плочата.
- Навртувајте го втиснувачот (13) што соодветствува со монтираната матрица на завртката за затегнување, додека не легне врз плочата со лесен притисок.
Процес на дупчење:
- Поставете ја батеријата во електричниот алат.
- За вклучување и започнување на процесот на дупчење, притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување (9). Работното светло (7) се пали.
- Откако електричниот алат ќе открие дека дупчењето е успешно завршено, завртката за затегнување (10) се поместува назад со втиснувачот (13) и моторот се исклучува автоматски. Отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (9). Работното светло се исклучува автоматски по околу 10 s.
Рачно завршување на процесот на дупчење:
- За предвремено завршување на процесот на дупчење, отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (9) за време на процесот на дупчење. Процесот на дупчење сопира.
- Ако процесот на дупчење се сопре предвремено или завртката за затегнување (10) не се повлече автоматски на крајот од процесот на дупчење, притиснете го копчето за ресетирање (2). Притиснете и задржете го копчето за ресетирање додека завртката за затегнување не се врати на почетната позиција.
Извадете ја батеријата од електричниот алат. Одвртете го втиснувачот (13) од завртката за затегнување и отстранете ги остатоците од дупчењето од матрицата (12).
Ако приказот за статус (3) светне во зелена боја на крајот од процесот на дупчење, тоа значи дека е достигната максималната сила на притискање. Ако дупчењето не успее, приказот за статус свети црвено.