Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Чувајте го електричниот алат сув. Избришете ги нечистотиите со влажна крпа.
Електричниот алат складирајте и транспортирајте го само во XL‑BOXX.
За да се овозможи безбедна работа на електричниот алат што е можно подолго, алатот мора да се сервисира по најмногу 20000 циклуси на работа или по 4 години. Кога ќе се надминат 20000 циклуси на работа, приказот за статус (3) свети фиксно жолто.
Однесете го електричниот алат во овластен Bosch сервисен центар.
Напомена: ако не се придржувате до интервалот за одржување, гаранцијата прекинува да важи.
Не острете ги сечилата на втиснувачот (13) повторно. Заменете ги тапите втиснувачи навреме за да ги задржите перформансите на дупчење.