Прочитајте ги резултатите од работата со Bosch Read-Out Software

Електричниот алат зачувува податоци како притисок и време на работа за секој процесот на работа. За да ги прочитате овие податоци, ви треба Bosch Read-Out Software, што може да го преземете бесплатно на www.bosch-professional.com. Инсталирајте го софтверот и следете ги напомените за инсталација. Во софтверот може да видите и колку циклуси на работа преостануваат до следниот интервал за одржување.

За да ги пренесете записите, отворете го капачето на USB-конекторот (4) и поврзете го електричниот алат со вашиот компјутер преку USB Type‑C®-кабел. Мора да вметнете батерија во електричниот алат за да пристапите до записите.