Монтирање на опремата на дувалка (види слики A1–A3)
- Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на електричниот алат, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите на опремата или тргање на електричниот алат настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Можностите за комбинирање на различните делови од опремата на дувалката може да ги видите на сликата.
- Прицврстете ја бајонет-завртката (12) од опремата во вдлабнатините (8) на куќиштето на моторот или во вдлабнатините (8) на цевката за продолжување (9).
- Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.
Монтирање на цевка за собирање на прав
При издувување од отворите за дупчење се издувуваат остатоците од дупчење во правец на операторот. Притоа се препорачува, над млазницата за отворот за дупчење (10) да се монтира цевката за собирање на прав (11).
- Вдлабнатините (13) од цевката за собирање на прав (11) ставете ги врз надворешната бајонет-завртка (12) на млазницата за отворот за дупчење (10).
- Завртете ја цевката за собирање на прав (11) за една четвртина во правец на стрелките на часовникот.