Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

  • Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (37) до жлебот (14) за 0°. Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика T1)

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу лизгачката рачка (27) со дршката (1).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што, запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја лизгачката рачка полека нагоре.
  • Прицврстете го делот што се обработува.
  • Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (59).

Ласерските зраци мора по целата должина од левата и десната страна да бидат на исто растојание од означената линија на сечење на делот за обработка, дури и кога лизгачката рачка се поместува надолу.

Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види слика T2)

  • Олабавете ги двете завртки (62) на заштитното капаче на ласерот (26) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (16).
    Напомена: За да ја досегнете предната завртка на заштитното капаче на ласерот, мора да ја навалите лизгачката рачка малку надолу додека клучот со внатрешна шестаголна глава не се вметне низ процепот на осцилаторниот заштитен капак.

Подесување на прецизноста (види слика T3)

  • Извадете го заштитното капаче на ласерот (26).

1. Подесување на десниот ласерски зрак:

  • Свртете ја завртката за подесување (63) со клуч со внатрешна шестаголна глава (17), додека десниот ласерски зрак не налегне на целокупната должина на линијата на сечење на делот што се обработува.
    Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.

Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

2. Подесување на левиот ласерски зрак:

  • Свртете ја завртката за подесување (63) со клуч со внатрешна шестаголна глава (17), додека левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание до означената линија како и десниот ласерски зрак.

Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

  • Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (26).

Подесување на паралелноста (види слика T4)

  • Извадете го заштитното капаче на ласерот (26).
  • Олабавете ја завртката за прицврстување (64) (околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (17). Не ја одвртувајте целосно завртката.
  • Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или надесно, додека ласерските зраци не дојдат паралелно по целата должина на исцртаната линија за сечење на делот за обработка.
  • Држете ја монтажната плоча на ласерот во оваа позиција и повторно затегнете ја завртката за прицврстување (64).
  • По поставувањето, одново проверете ја прецизноста на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за подесување (63).
  • Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (26).

Поставување на страничното отстапување при движење на лизгачката рачка (види слика T5)

  • Извадете го заштитното капаче на ласерот (26).
  • Олабавете ја завртката за прицврстување (65) (околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (17).
    Не ги одвртувајте целосно завртките.
  • Поместете го куќиштето на ласерот налево или надесно, додека ласерските зраци, при движење надолу на лизгачката рачка, повеќе не отстапуваат странично.
  • По поставувањето, одново проверете ја прецизноста на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за подесување (63).
  • Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и повторно затегнете ги завртките за прицврстување (65).
  • Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (26).

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (37) до жлебот (14) за 0°. Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика U1)

  • Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (37).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39).

Подесување (види слика U2)

  • Олабавете ја затезната рачка (13).
  • Олабавете ги двете завртки за подесување (66) (најмалку 1 вртење) со клуч за втиснување (10 mm).
  • Олабавете ја завртката за подесување (68) (околу 3 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (16).
  • Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување (67) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (16), додека кракот на аголното мерило не налегне по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (13). Потоа прво затегнете ја завртката за подесување (68) и потоа завртките за подесување (66).

Доколку агломерот (32) и (20) по подесувањето не е во линија со 0°-ознаките на скалата (31), олабавете ги завртките за подесување на агломерот со крстест одвртувач и израмнете го агломерот по должина на 0°-ознаките.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (37) до жлебот (14) за 0°. Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива гранична водилка (5).
  • Олабавете ја затезната рачка (13) и навалете ја лизгачката рачка на дршката (1) до крај во лево (45°).

Проверка (види слика V1)

  • Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за пила (37).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39).

Подесување (види слика V2)

  • Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување (69) со клуч со внатрешна шестаголна глава (8 mm), додека кракот на аголното мерило не налегне по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (13).

Доколку агломерот (32) и (20) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (31), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (37) до жлебот (14) за 0°. Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (5) целосно нанадвор.
  • Олабавете ја затезната рачка (13).
  • Навалете ја лизгачката рачка на дршката (1) од 0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче (38), додека не се прикаже вертикалниот опсег на аголот на закосување.

  • Навалете ја лизгачката рачка на дршката (1) надесно до крај (45°).

Проверка (види слика W1)

  • Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за пила (37).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39).

Подесување (види слика W2)

  • Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување (70) со клуч со внатрешна шестаголна глава (8 mm), додека кракот на аголното мерило не налегне по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (13).

Доколку агломерот (32) и (20) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (31), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (37) до жлебот (14) за 0°. Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика X1)

  • Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (6) и сечилото за пила (39) на масата за пила (37).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39).

Подесување (види слика X2)

  • Олабавете ги сите четири завртки за подесување (71) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (16) и свртете ја масата за пила (37) заедно со скалата (36), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ги завртките.

Доколку по подесувањето агломерот (57) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (36), олабавете ја завртката (72) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.

Силата на затегнување на затегнувачкиот лост (13) може дополнително да се поставува.

Проверка

  • Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.

Подесување

  • Олабавете ја затезната рачка (13).
  • Свртете ја завртката за подесување (73) со клуч за втиснување (17 mm) во правец спротивен на стрелките на часовникот, за да ја намалите силата на затегнување или свртете ја во правец на стрелките на часовникот за да ја зголемите силата на затегнување.
  • Поставете вертикален агол на закосување, повторно цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (13) и проверете дали е постигната посакуваната сила на затегнување.