Совети при работењето
- Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (11) и затегнувачкиот лост (13) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
- При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
- Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (59).
- Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на сечење е точно прикажана Подесување на ласерот. Ласерските зраци може да се поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
- Не се застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
- Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
- Не ги прекрстувајте рацете пред лизгачката рачка (27).
Црвените плочи за вметнување (9) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (60) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (16) и извадете ги старите плочи за вметнување.
- Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
- Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (60) што е можно по десно, така што по целата должина на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
- Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување.
Хоризонтален агол на закосување | Вертикален агол на закосување | Висина x ширина [mm] |
---|---|---|
0° | 0° | 104 x 341 |
45° | 0° | 104 x 240 |
0° | 45° (лево) | 51 x 341 |
0° | 45° (десно) | 38 x 341 |
45° | 45° (лево) | 51 x 240 |
45° | 45° (десно) | 38 x 240 |
0° | 0° | L-профил макс. дебелина 36 mm) |
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега (18) лево или десно од сечилото за пила): 160 x 335 mm (должина x ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 104 mm