Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (18) и тркалото за стегање (45) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
Работното светло ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Може да постигнете особено добри резултати од сечењето со користење на работното светло заедно со ознаката на линијата за сечење со ласерските зраци.
- Вклучете го работното светло со прекинувачот (5).
- Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
- За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.